X
 27.10.2015 Технологија

Нова камера може да снима низ ѕидови

Сакате супермоќи? Со новата камера на Технолошкиот институт во Масачусетс, може да ги имате.


Камерата создадена од институтот користи микробранови кои може да минуваат низ предмети од кои се одбиваат пократките бранови од оние на микробрановите.

Ваквата технологија веќе постои, но таквите камери се скапи и огромни. Камерата на Технолошкиот институт во Масачусетс е способна за создавање слики кои се осветлени и детални.



Камерата можеби не дава совршена слика, но за спасителите или археолозите, истата може да биде мошне корисна.

Камерата чини приближно 1000 долари, но сè уште е голема и спора. Таа е сместена во лабораторија и потребно и` е еден час за една слика.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија