X
 20.12.2015 Технологија

Првиот модуларен робот кој можете да го направите сами

Дали се сеќавате како сите ние бевме шармирани од миркороботите во филмот Big Hero 6? И колку сакавме да имаме еден таков робот? Па, сега ова може да се реализира.

 

1


KEYi Technology го направи првиот паметен модуларен робот кој нуди 100 роботи во еден уред нарече CellRobot. Може да биде составен во разни форми, програмиран и конфигуриран и потоа репрограмиран и реконфигуриран за извршување на различни задачи.

Од што е составен тој? Во голема мера се дели на три дела:

Срце
Ќелија
Икс ќелија

1. Срце - Срцето е центарот на сите модули. Исто така, обезбедува поврзување на CellRobot со паметните телефони или таблетите.

 

1


2. Ќелија - Секоја ќелија содржи: сензори, серво мотор, микроконтролер. Ќелијата треба да биде поврзана со срцето за да може да се насочи во поаскуваната насока.

 

2


3. Икс ќелија - Оваа ќелија го обезбедува развојот на CellRobots со што му помага да биде иновативен. Икс ќелиите се состојат од: 360 панорамска камера која може да биде поврзана во било која позиција, центар која не само што обезбедува правилно осветлување кога е потребно, туку може и да биде конфигурирана во прекрасна ламба, тркала со кои роботот се движи побрзо и конектори кои помагаат да се поврзи роботот.

 

4


Што ја дефинира уникатноста на CellRobots?


CellRobots се подржани од некои од најпознатите и најневеројатните карактеристики кои го прават доста уникатен.

 

6


Роботот може да има апликации - воглавно има два модови: Водич мод и обичен мод. Водич модот се состои од предефиниран сет на инструкции додека обичниот мод може да се прилагодува онака како сака корисникот.

Хакирање - Платформата може да се користи од хакери и креатори од целиот свет за да создадат повеќе икс ќелии.

Разновидност - Покрај можноста за избор на постоечките форми од Shape library, исто така доаѓа со различни бои.

Едноставност - Со тоа што може да функционира со апликации, лесно е за разбирање како всушност функционира.

Иако постојат неколку недостатоци кај CellRobots, како на пример тоа што не е евтино и не е брзо и не може да лета, сепак ова иновативно суштество е робот кој учи и имаат огромен простор за напредок во иднината.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија