X
 22.12.2015 Технологија

Најкорисните iPhone апликации на сите времиња

Уште од почетокот на „App store“, програмерите ги поместуваат границите на она што е можно да се направи со iPhone. И овие апликации се покажуваат многу повеќе од корисни.

 

ајфон


Ова е листа на најдобрите апликации за iPhone, врз основа на листата на најдобри 100 iPhone апликации на сите времиња составена од познатата веб страна „Mashable“. Апликациите се избирале врз основа на нивниот дизајн, влијанието врз културата и како тие им одговарале на корисниците.

12. Google Authenticator

 

12


За повеќето луѓе смс пораката е пристојна структура - дополнително на лозинката, добивате таен код преку смс порака која овозможува безбедно да влезете во некоја услуга. Но, со оваа апликација идејата се носи на сосема поинакво ниво: прво, не бара конекција, такашто можете да ја користите во авион или на сред пустина. Апликацијата нуди еден вид на херметичка безбедност со што е одлична за корпоративна употреба.

11. HiddenApps

 

За многу корисници на iPHone, вградените апликации како Tips, Stocks и Compass се апликациите кои најмногу нервираат. Тие земаат многу простор на екранот - но апликацијата HiddenApps овозможува да ги складирате овие апликации.


10. iHandy level

 

10


iOs има апликација во вид на либела, која е сокриена во апликацијата Compass.

9. Handy light

 

Дали сте знаеле дека Apple изгради светилка во iOS платформата? Кога Handy Light пристигна во 2010 година, апликацијата имаше скриена агенда: да додаде бесплатно интернет врзување на iPhone-от, карактеристика на уредот која официјално платформата не ја поддржуваше во тоа врема.


Apple ја одобри функцијата со светилката, но не и со врзувањето, па Handy Light беше повлечена од App Store. Од тогаш Apple е многу повнимателен во врска со она што го добива и што не го добива и контролира како девелоперите го користат iOS програмирањето.

8. IFTTT

 

8


Оваа апликација започна со едноставна формула: if this, then that. Пред било кој да чуе за Internet of things, компанијата им помагаше на корисниците да ги автоматизираат нивните животи на интернет со едноставен рецепт - ако постирам слика на Инстаграм, тогаш сликата се зачувува во мојот Dropbox. Со текот на времето, рецептите растеа во покомплексни и се конектираа со повеќе и повеќе сервиси.

7. Google

 

7


Поточно кажано, не ви е потребна Google апликација бидејќи Safari е многу подобар пребарувач, но веќе ако сакате ваква апликација, треба да знаете што нуди. Апликацијата може да се користи без пишување, а најдобриот трик е Google Now кој овозможува помош за апсолутно се`.

6. Bump

 

6


Апликацијата беше меѓу првите која им овозможуваше на корисниците да ги префрлат информациите од контактите до некој друг со само допирање на два уреди. Во неодамнешните ажурирања, има можност да се споделуваат апликации и документи на истиот начин. Исто така има соработка со PayPal за трансфер на пари на сличен начин.

5. 1Password

 

5


Објавен во 2008 година не долго откако се појави App Store, 1Password започна како придружник на апликацијата за Mac со истото име. Апликацијата овозможува лесен пристап до сите ваши лозинки тајно од вашиот iPhone. Со iOS 8, Apple воведе неколку додатоци и 1Password создаде полесен начин за логирање на веб страни, дури и од Safari.

4. Word Lens

 

4

 

Апликацијата овозможува преведување на одреден знак на странски јазик, такашто ќе го ставите телефонот на непознатиот збор, а текстот ќе се трансфомира во нешто разбирливо пред вашите очи.


3. Dark Sky

 

3

 

Секој iPhone доаѓа со веќе инсталирана апликација за времето. Корисна е, но не толку прецизна како Dark Sky, која го користи GPS-от на iPhone-от за вашата точна локација и ви кажува дали ќе врни снег или дожд во следните неколку часови.


2. Safari

 

2

 

Safari е највлијателната апликација. Пред iPhone-от, пребарувањето на интернет на паметен телефон беше лошо искуство. Мобилниот Safari донесе соодветен HTML пребарувач на телефон, конечно овозможувајќи ја целосната моќ на интернетот на нова класа на уреди.


1. Find my iPhone

 

1

 

На сите ни е познато ужасното чувство и нервоза кога не можеме да си го најдеме телефонот. Затоа, Find my iPhone им помогна на многу луѓе да си ги пронајдат уредите - без разлика дали им паднал, им бил украден или бил во вашиот џеб цело време.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија