Многу научници и истражувачи се занимаваат со проучување на иднината на светот. Едно од ваквите истражувања ја опфати и иднината на интернетот.
„Pew Research Center“ во соработка со Универзитетот Елон моментално истражува како во 2025 година ќе изгледа интернетот и начинот на кој ќе го користиме тогаш. Истражувањето се темели на фактот како за 10 години нема ни да го забележуваме интернетот и како тој ќе биде вметнат во секоја пора од нашиот живот.
Се предвидува и растот на образовни институции кои ќе ги нуди услугите на образование преку интернет и ќе ја намали моќта на контролата на државните институции.
Истотака, постојат и експерти кои предвидуваат мрачна иднина на интернетот. Се` почестата застапеност на сајбер-тероризмот може да доведе до целосно уништување на www, што би имало катастрофални последици.
„Приватноста и довербата ќе бидат минато, а онлајн болстите ќе ги уништат семејствата“, вели Левелин Криел, директор на компанијата „ТopEditor International Media Service“.
Неодамна е објавен и краток документарец за апокалипсата на интернетот и социјалните мрежи. Видеото е малку саркастично, а авторот наведува дека станува збор за трејлер за долгометражен филм кој ќе се сними откако ќе дојде до пари.