Најдобриот начин да се обезбеди висока заработувачка се последипломските студии. Ваквите студии се скапи и тешки, но обично влогот се исплати.
„
Инвестопедија“ направи видео за 5-те работни места кои бараат магистерска диплома, а обично се платени над 100.000 долари според американскиот стандард.
Бизнис администрација, медицина, правосудство, инженерство и просвета, поточно да се биде факултетски професор, се областите кон кои се посочува.
Магистерските студии по бизнис администрација се сè полесни, а голем дел од нив се достапни онлајн, се вели во видеото. Добрата страна е тоа што тие може да најдат примена во повеќе сфери.
Кога станува збор за медицината, има голема побарувачка за лекари, но оваа диплома не е лесна и најчесто студиите се скапи. Да се биде адвокат, исто така, не е лесна цел бидејќи е потребна и пракса, покрај учење.
Секоја инженерска диплома е корисна, но напредната отвара многу можности. Компјутерските, хемиските и аеродинамичните науки се најдобри за оние кои сакаат висока заработувачка.