Еден од најголемите британски рабодотавци по број на вработувања со дипломи, консултантската компанија „Ernst&Young“ најави дека повеќе нема да бара стручна подготовка во молбите за работа. Имено, тие велат дека не постои доказ дека успехот на факултет е поврзан со успесите во кариерата подоцна во животот.
Оцените од студиите ќе бидат заменети со „отворени можности за талентирани поединци без оглед на минатото“. Новите вработени ќе бидат избирани според посебниот состав на проценки во кои ќе се користи интернетот.
Академските квалификации и натаму ќе бидат земени предвид, но тие повеќе нема да бидат пречка за брилијантните млади луѓе кои ги немаат, пренесува „Хафингтон пост“.
Компанијата изјави дека селекцијата на кандидати според дипломите и оцените е застарена. „Ernst&Young“ годишно отвора 200 работни места за кандидатите со диплома. Новите правила ќе се почитуваат од 2016 година.