Сè повеќе компании не бараат факултетска диплома за вработување. Така, младите што не сакаат да студираат имаат шанса да добијат конкурентна и високоплатена работа.
Според скорешно истражување од компанијата „Зип рекрутер“, бројот на работни места за кои е потребна факултетска диплома постојано се намалува од почетокот на пандемијата. До 2030 година се предвидува дека околу 60 отсто од новите работни места ќе бидат за професии за кои не треба факултетска диплома.
Процената била направена врз основа на анализа на милиони профили на корисници и огласи за вработување на „Линкдин“ во периодот од 2021 до 2023 година.
Според анализата, најбрзорастечки сектори што не бараат факултетска диплома се консултантските услуги, маркетингот, истражувањето, човечките ресурси, медиумите и комуникациите.
Извор:
Biz life
Насловна фотографија: Pixabay