X
 03.01.2023 Култура

Кои филмови од 2022 година имаат највисока оцена на IMDb, а кои најголема заработувачка?

2023 година треба да ни донесе многу филмски хитови и блокбастери.

Филмскиот каталог за оваа година е прилично полн, а ги имаме продолженијата на „Аквамен“, филмот „Флеш“, „Човек-мравка“ и „Оса: Квантуманија“, новите „Чувари на галаксијата“ и „Марвел“.

Харисон Форд за последен пат се враќа како Индијана Џонс, Том Круз ќе го гледаме во новото продолжение на „Невозможна мисија“, се подготвува филм-претходник на филмската сага „Игрите на гладните“, а Кијану Ривс повторно ќе биде Џон Вик. На екраните се враќаат Оптимус Прајм и Малјс Моралес, додека Мартин Скорсезе и Кристофер Нолан ќе презентираат нови, возбудливи проекти.

Но, кога ќе ја погледнеме 2022 година, најголемиот профит го направи блокбастерот на Том Круз - „Топ ган: Маверик“ (заработи повеќе од 1,4 милијарди долари). Потоа е „Аватар 2“ чија премиера беше на 16 декември, а веќе заработи 1,2 милијарди долари, додека на третото место е „Џурасик парк: Доминион“ (милијарда долари).

На четвртото место е „Доктор Стрејнџ“ со 955 милиони, „Мињони“ е на петтото место со 939 милиони, „Црниот пантер: Ваканда засекогаш“ на шестото место со 810 милиони, „Бетмен“ со 770 милиони на седмото место, „Тор: Љубов и гром“ на осмото место со 760 милиони, на деветтото е „Мостот Вотер Гејт“ со 626 милиони и „Месечевиот човек“ е на десеттото место со 460 милиони долари.

Но, ако ја погледнеме листата на IMDb со најдобро оценети филмови за 2022 година, ситуацијата е поинаква.

Речиси половина милион луѓе гласаа за „Топ ган: Маверик“. Конечна пресуда: 8,4 оцена, што го прави највисоко оценет филм за минатата година.

На второ место се најде филмот „Сè насекаде одеднаш“ со импресивна оцена 8,1 (260.000 гласа).

На третото место е „Духови на островот“ (англ. The Banshees of inisherin) со оцена 7,9 заедно со „Аватар 2“ кој исто така има оцена 7,9.

„Бетмен“ се најде на петтото место со оцена 7,8 (644.000 гласа), а на шестото место се најде филмот „По сонцето“, иако за него гласале само 11.000 луѓе.

На седмото место е биографската драма „Тар“ со оцена 7,7. Осмото место го зазеде „Точка на вриење“ со 7,5, деветтото место со оцена 7,5 му припадна на документарецот „Изгубениот Леонардо“, приказна за првата слика на Леонардо да Винчи, а на десеттото место се најде крими-комедијата „Нож во грб 2“ со оцена 7,3.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура