Генерално, месец ноември ќе изобилува со негативна енергија. Сепак, тоа не значи дека за сите знаци ќе биде катастрофален, бидејќи многу зависи и од самиот знак, и од месецот во кој сте родени, како и позицијата на планетите.
Овен
Работа - Родените во знакот на Овен не треба многу да се грижат за негативното влијание на планетите, бидејќи нивните стандардни заштитници ќе им дадат силна поддршка. Сонцето пред се` на сите Овнови ќе им даде сила да одат со подигната глава додека Венера ќе им поставува замки. Што се однесува до финансиите, ќе имате одредени проблеми, како и некои проблеми на работа.
Љубов - На љубовен план, верувале или не, ќе има проблеми. Ако сте слободни, обрнете внимание на една Девица, и тоа како ќе ви се додворува. Ако имате партнер/ка, добро би било да одете на романтичен викенд и опуштете се најдобро што можете. Кон крајот на ноември со партнерот/ката ќе имате одредени проблеми, и затоа треба да работите на врската.
Здравје - Консумирајте чаеви за смирување во поголема мера.
Бик
Работа - Што и да ви се случило лошо овој месец, не го заборавајте главното мото: не се откажувајте никогаш. За Биковите можеби ќе биде потешко отколку било кога и ќе се почувствувате беспомошни, но за се` што ќе се случи во декември виновни се месечината и Сатурн. Проблемите на работа кои се влечкаат од октомври ќе ве доведат до ситуација да се чувствувате како да сте на раскрсница и како да треба да процените кој пат е најдобар за вас. Слушајте ги внимателно вашите колеги и претпоставени, но сепак следете ја интуицијата.
Љубов - Подгответе се за недоличното однесување на вашиот/ата партнер/ка во првата недела на ноември. Не треба да ве интересира дали има причина за тоа, туку погрижете се за тоа да излезете на крај со тоа. Можно е овој период да дојде до прекинување на долгите врски кај многу Бикови. Соберете сила за да се соочите со проблемот.
Здравје - Нервниот систем страда, потиштени сте и повлечени во себе.
Близнаци
Работа - Родените во знакот на Близнаци ги очекува одличен месец со позитивна енергија. Додека кај повеќето знаци преовладува негативна енергија, за Близнаците овој месец ќе биде стабилен, барем на работен план. Всушност, токму во првите денови на ноември ќе решите проблеми кои сте ги оставиле настрана подолго време. Ако работите за некој, ѕвездите ви препорачуваат систематска модернизација на работното место.
Љубов - Овој месец не е месец за донесување на важни одлуки, барем не љубовен план и не кога сте под притисок. Обидете се да се тргнете од сите негативни влијанија и утехата пронајдете ја во пријателите. Но, не заборавајте дека проблемите не смеете да ги игнорирате, бидејќи со тоа нема да добиете ништо добро.
Здравје - Моменталната ситуација на работа и во љубовта ќе ве натера повеќе да се занимавате со спортот, што ќе доведе до воспаление со мускулите.
Рак
Работа - Родените во знакот на Рак ќе направат сите работи да одат во нивна корист. На работен план Раковите во текот на ноември ќе дочекаат минимален проблем. Ве очекува стабилност, меѓутоа добро би било да се откажете од потпишување на важни договори, финансиски трансакции и долгорочни договори. Можно е да бидете пренатрупани со работа.
Љубов - Подобро не се обидувајте да ги разрешите конфликтите кои постојат веќе некое време меѓу вас и вашиот партнер, бидејќи така ќе ја влошите ситуацијата. Најдобро е да бидете воздржани и да не дозволувате врз вас да влијаат негативно, и измислени приказни и озборувања.
Здравје - Избегнувајте мрсна храна.
Лав
Работа - За чудо, за родените во знакот на Лав, ноември ќе биде позитивен и динамичен период за помнење, но сето тоа благодарение на сонцето кое ќе владее со овој знак и кој ќе ја блокира негативната енергија. Лавовите ќе имаат доста работа овој период, па својата сила ќе ја насочат кон решавање на постоечките проблеми. Можно е некои од проектите да ви пропаднат, но не смеете тоа да го доживеете трагично - обидете се објективно да гледате на работите.
Љубов - Не брзајте, бидејќи хармоничниот час може да се претвори во целосна катастрофа. Доколку дојде до тоа, шансите ви се минимални да се вратите на старо. Не губете верба во себеси и повлекувајте внимателни потези. Исто така, треба да работите и на комплицираните семејни односи бидејќи одредени конфликти ги одложувате веќе некое време.
Здравје - Внимавајте со консумирањето на алкохол.
Девица
Работа - Доколку сте планирале во овој период да го зголемите профитот, работите ќе кажат поинаку. Сите проекти кои ќе се завршат во текот на ноември, нема да бидат целосен неуспех, но се далеку од она што го посакувате. Треба да знаете дека нема што да изгубите, под услов да донесите вистински одлуки.
Љубов - Одлична енергија. Многу врски може овој период да бидат прекинати, но тоа за вас се добри вести бидејќи вие и сакате да бидете слободни. Бидете трпеливи и не се откажувајте од убавата Риба со која постојано флертувате. На повидок е одлична љубовна романса.
Здравје - Обрнете внимание на очите, особено ако имате проблем со видот.
Вага
Работа - Како нитуеден друг хороскопски знак, родените во знакот на Вага ќе се најдат пред тест овој месец. Венера ќе влијае врз работната атмосфера и ќе доведе до одредени промени такашто Вагите ќе почувствуваат поддршка. Но, Сатурн ќе влијае и ќе сака да го намали нивото на енергиј и продуктивност. Како и да е, Вагите не треба да стравуваат што се однесува до работата. Треба да обрнете внимание на колегите со кои соработувате - некој сака да ве измами.
Љубов - На емотивен план ќе доживеете најразлични можности, па затоа треба да постапите доста мудро. Ова е доста динамичен и амбициозен период за вас, па ќе влезете во врска без обврска. Затоа сето тоа прифатете го како еден вид на игра, особено ако сте помлади од 30 години.
Здравје - Потешкотии со горните и долните респираторни патишта.
Шкорпија
Работа - Родените во знакот на Шкорпија, ги очекува доста среќа во текот на ноември. Без оглед на генерално лошиот период, вас нема да ви пречи да ги реализирате вашите амбициозни планови. Во овој период работата ќе бара дополнително да се ангажирате, што ќе повлече физичка и емоционална оптеретеност, но после тоа ќе бидете соодветно наградени.
Љубов - Ноември ќе биде месец со постојани настани, но не баш секогаш со позитивен резултат. Повеќе време ќе посветите на размислување за пријателите отколку за партнерот/ката. Ќе сфатите дека некои од нив неосновано уживаат во вашата доверба и дека е можно да ве разочараат, што ќе биде болно за вас.
Здравје - Зачестени главоболки и ослабен кардиоваскуларен систем.
Стрелец
Работа - Стрелците во текот на целиот ноемви ќе се однесуваат како да дошле од друга планета. Нема да бидете во состојба реално да согледате како стојат работите и ќе живеете во искривена реалност. Ќе дојде до неочекуван договор за работа и потпишување договори, но со позитивен резултат. Стрелците би требало да слушаат што им зборува нивниот надреден и да не влегуваат во конфликт со нив.
Љубов - Ве очекува среќен и емотивно исполнет месец. Иако ви се чини дека сте под притисок, во вториот дел од месецот се` се менува. Ако сте сами, можно е да сретнете една доста интересна личност која целосно ќе го промени вашиот живот.
Здравје - Поради ослабен имунитет ќе имате стомачни тегоби.
Јарец
Работа - Родените во знакот на Јарец во текот на ноември ќе се соочуваат со ситуации кои нема да можат објективно да ги видат, а камоли да ги решат. Не баш добар финансиски период, а со сета сила ќе се обидете да го подобрите вашиот моментален професионален статус. Сакате по секоја цена да ги завршите проектите на кои сте работеле долго време.
Љубов - Прилично лоша состојба на емотивен план. Наместо да се карате со партнерот, посветете се на вашите пријатели од кои ви е потребна голема поддршка и помош. Моментално имате доста проблеми, но ако не ги решите сами, никој друг нема да ви ги реши.
Здравје - Не се препорачува спортување; постои ризик од повреди.
Водолија
Работа - Водолии, очекувајте добра позиција во текот на ноември, иако околу вас ќе има доста негативна енергија. Сонцето ќе ви биде одличен сојузник, бидете убедени дека сите обврски ќе ги завршите навреме, што вашите шефови ќе го забележат и ќе добиете дополнителни приходи за тоа. Чувајте ја енергијата за проблемите кои допрво доаѓаат.
Љубов - На љубовен план обидете се да му/и` бидете поддршка на партнерот. Избегнувајте разговори кои трошат многу време и енергија, а од кои не добивате ништо, само расправии. Бидете тактични и обидете се да се заштитите себеси.
Здравје - Можни се компликации со кожните болести.
Риби
Работа - Во текот на ноември ќе се најдете во доста лоша ситуација, меѓутоа резултатот ќе биде одличен. Венера ќе ви даде дополнителна сила, додека Јупитер ќе биде главниот виновник за необичните околности. нема да имате многу голем прилив на пари, но нема да имате никакви компликации.
Љубов - Ве очекува мирен период. Не дозволувајте никој да ве вовлекува во расправија или конфликт - ова нема да биде тешко бидејќи Рибите се познати миротворци. Со партнерот ќе уживате.
Здравје - Чести болки во стомакот.