X
 27.10.2018 Технологија

„Фејсбук“ наскоро воведува опција со која ќе можете да го збогатите профилот

„Фејсбук“ најави воведување на неколку нови начини на кои корисниците можат да додадат музика во своите онлајн идентитети, претворувајќи се во бизарна модерна верзија на „Мајспејс“. Компанијата, конкретно, планира да овозможи слушање на музика во приказните и на самите кориснички профили.

Со функцијата, корисниците ќе можат да ја користат музиката во нивните сторис. За да ја искористат, мораат да ја изберат опцијата „Мusic“ и да изберат музика по свој избор. Може да изберат одреден дел од песните или цела - со што на крај изгледа исто како инстаграм-сторис.

Друга нова функција во која ќе уживаме е музиката на самиот профил. Новата музичка секција ќе ви даде можност да видите кои песни ги слушате и да ги ставите на врвот на вашиот профил за на сите да им дадете до знаење дека имате фантастичен музички вкус.

Сите кои ќе го посетат вашиот профил ќе можат да ги слушнат малите исечоци од вашите омилени песни, а ќе може да ја посетат и фејсбук-страницата на самиот изведувач.

Сѐ уште не се знае кога оваа функција ќе биде достапна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија