„CodeGirl“ е инспиративен документарец создаден од Google во партнерство со реномираниот кинематографер Лесли Чилкот.
Филмот ги раскажува приказните на средношколки од целиот свет и користењето на нивните кодирачки вештини за да дизајнираат мобилна апликација која ги решава проблемите на нивното општество. Оној тим што ќе победи добива 10.000 долари за да ја заврши нивната апликација.
„CodeGirl“ е одличен документарец кој ги инспирира децата да започнат да учат кодирање. Учениците ќе имаат илјадници можности кои ќе им се отворат со кодирањето и со тоа ќе си го подобрат секојдневниот живот. Тие ќе видат како девојче од Молдавија ќе развие апликација која ќе им помогне на локалните луѓе да го тестираат квалитетот на нивната вода, и како друг тим од Мексико ја искористиле моќта на кодовите и дизајнирале апликација која им помага на девојчињата кои страдаат од домашно насилство.
Документарецот е дел од „Technovation Challenge“ чијашто цел е да ги поттикне девојките низ светот да развиваат апликации за меѓународни натпревари.
Секоја година, натпреварот ги предизвикува девојките низ светот да изградат мобилна апликација која ќе реши одреден проблем во заедницата. Од 2010 година, речиси 5.000 девојки од 30 земји се пријавиле на натпреварот, благодарение на посветените доброволци од целиот свет. На девојките не им е потребно искуство во програмирање за да учествуваат, а „Technovation“ е бесплатен за секоја девојка која сака да учествува.