Универзитетот во Цирих се повлекува од рангирањето на универзитетите објавено од магазинот „Тајмс хајер еџукејшн“.
Како што објави универзитетот, одлуката е донесена затоа што рангирањето создава лажни стимулации. Според швајцарскиот универзитет, рангирањето често се фокусира на мерливи резултати, создавајќи поттик да се зголеми бројот на публикации наместо да се даде приоритет на квалитетот на содржината.
Од универзитетот додаваат дека рангирањето сугерира и дека тие сеопфатно ги мерат различните достигнувања на универзитетот во истражувањето и наставата. Затоа, Универзитетот во Цирих повеќе нема да дава податоци за рангирањето.
На последното рангирање за 2024 година објавено во септември 2023 година, Универзитетот во Цирих беше рангиран на 8. место меѓу најдобрите универзитети во светот.
Извор:
Swissinfo.ch
Фото:
Wikipedia