Запознајте ја Лекси Алфорд, 21-годишната Американка која стана најмладата личност што успеа да ги посети сите држави во светот.
На 2 јуни Лекси поставила фотографија на својот инстаграм-профил со наслов: „Официјално ги посетив сите земји во светот“. На фотографијата таа држи лист хартија на кој пишува: „Северна Кореја, 31 мај 2019, земја #196“, што покажува дека Северна Кореја ѝ била последна земја за завршување на нејзиното патување и поставување нов светски рекорд.
Нејзината веб-страница гордо го истакнува бројот 196 како број на држави што Лекси ги посетила, а бројот на земји што Лекси треба да ги посети се спуштил на нула.
- Звучи лудо, но многу повеќе луѓе патувале во вселената отколку во сите земји во светот. Се проценува дека само 150 луѓе го направиле тоа, а помалку од 10 биле жени - објаснува таа и додава дека и покрај притисокот да продолжи со студиите, одлучила да им се спротивстави на желбите на останатите и да го реализира она што го сметала за лична страст.
Авантуристката ги документирала нејзините патувања не само на нејзиниот блог, туку и на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
Nothing but LOVE from every country in the world!⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ When I started traveling, I never imagined that so many wonderful people would come along on my journey. Now it feels like YOU all are right here with me. I’m so humbled and grateful for that. There’s so many parts of the world that are completely off the radar for most tourists. Because of the media, people assume that places like these are off limits due to conflict and security threats. I hope by sharing my experiences that I can help encourage people to think twice about misunderstood countries. There really is so much KINDNESS everywhere! ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ Countries included in this post: #Madagascar, #Turkmenistan, #SaudiArabia, #Guinea, #Pakistan, #Jordan, #Uganda, #Ethiopia, #IraqiKurdistan & #Uzbekistan.
A post shared by Lexie Alford (@lexielimitless) on