X
 04.11.2015 Економија

Македонија2025 ќе презентира стратешки развојни цели за земјата на ноемврискиот самит



Македонија2025 го организира третиот економски самит што ќе се одржи во Скопје од 18 до 20 ноември. На овој самит на едно место ќе се соберат врвни експерти, аналитичари и претприемачи од повеќе земји во светот, кои ќе зборуваат за економскиот развој и за напредокот на Македонија.

Почесен говорник на Самитот ќе биде бившиот Премиер на Грузија Ника Гилаури, кој ќе зборува за трансформацијата на Грузија во една од најбрзо растечките европски економии и за реформите кои ги спровел неговиот тим. Ника Гилаури служел како Министер за енергија, Министер за економија, како и Премиер од февруари 2009 до првата половина на 2012. Воведува повеќе економски мерки што драстично ја намалуваат корупцијата и ја подобруваат економската состојба при што земјата бележи скок од 103 места според Дуинг Бизнис: од 112 во 2006 на 9 местово 2009. Во моментот тој е советник во консултантската куќа МекКинзи и е главен на огранокот на Bank of Georgia во Турција.



Со оглед на тоа што Грузија и Македонија претставуваат компаративни примери, оваа земја ќе се најде на економскиот мерен индекс што Македонија2025 го подготвува во изминатиов период. Целта на мерниот индекс за Македонија е да се следат неколку економски и развојни индикатори кои ќе служат за мерење на напредокот на нашата земја. Мерниот индекс беше креиран преку дискусии на членовите на МК2025 со Одборите за економски развој на Сингапур, Турција и други земји; во дискусии со поранешниот Премиер на Грузија, Ника Гилаури; и во соработка со консултанти на МекКензи. Индексот користи јавно-достапни податоци и ги вклучува четирите стратешки приоритети кон кои ќе се стреми работењето на МК2025 во иднина, како и иницијативите кои можат да ги превземат владините институции, политичките партии, бизнисите и академската сфера.

Одборот на директори има за цел да ги крене на повисоко ниво стратешките приоритети и да ја прошири дефиницијата на паролата „Градиме посилна нација“. Според тоа, додадовме петта точка во нашиот мандат која гласи: „Да се одржува и да напредува дискусијата во однос на Мерниот индекс кој ќе следи како напредува економскиот развој и квалитетот на животот во Република Македонија“. За мерниот индекс ќе се дискутира за време на Самитот, а неговата сумирана верзија е достапна на веб страната на www.macedonia2025.com.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија