X
 06.11.2015 Наука

Дали постои разлика меѓу машкиот и женскиот мозок?

Веќе подолго време трае дискусијата за тоа дали постои јасна разлика помеѓу машкиот и женскиот мозок. Некои тврдат дека разликата е очигледна, додека други не се согласуваат.

 

мозок


Различни истражувања се сомневаат во врска со заклучокот, но едно ново истражување, направено врз основа на примероци, покажува чисти докази дека машкиот и женскиот мозок немаат никакви важни разлики, барем во еден дел од мозокот, хипокампусот.

Физичките карактеристики на мажите и жените се разликуваат и тоа се нарекува полов диморфизам. Чист пример се органите за репродукција, мажјаците во светот на животните се поголеми, имаат поатрактивни бои отколку женските, или пак имаат рогови или заби.

Постојат доста голем број полови разлики, па се сметало дека ниту мозокот не е исклучок. Мозокот на возрасниот маж е за 14% поголем од женскиот мозок и има поголем процент на бела и сива маса. Тоа се однесува и на другата структура во мозокот, што поддржува голем број докази од различни истражувања. Делот на мозокот, хипокампусот, е поврзан со консолидацијата на спомените од краткорочни до долгорочни, контролата на стресот и навигацијата во просторот.

Ова последно истражување направено од универзитетот Розалинд Франклин, анализира голем број истражувања направени на оваа тема. Сите 76 истражувања користеле магнетна резонанца, и на хипокампусот.

Се сметало дека хипокампусот е несразмерно голем во женскиот мозок, имплицирајќи дека жените се поемотивни од мажите и дека постои невролошко објаснување. Гледајќи на податоците од преку 6.000 машки и женски мозоци, не е воочена ваква разлика во волуменот на мозокот. Ниту тогаш кога била земена во предвид возраста на учесниците во истражувањето.

Половите разлики меѓу машкиот и женскиот мозок им се неодоливи на оние кои бараат објаснувања на стереотипните разлики кај мажите и жените, вели лидерот на истражувањето Лиса Елиот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука