Милиони идни студенти во САД со децении користеле исти ранг-листи на универзитетите објавени од страна на „U.S. News and World Report“. Овие ранг-листи не им кажуваат на студентите она што сакаат да чујат - колкави им се шансите за добра заработка по завршувањето на студиите. Овие ранг-листи користат фактори како репутација, селективност, плата на вработените, финансиски ресурси и слично.
Со години, истите училишта кружат на врвот на листите, а во најдобрите три секогаш се „Принстон“, „Јејл“ и „Харвард“. Сите факултети во најдобрите десет се импресивни, но и скапи.
За да им помогне на идните студенти подобро да се информираат за финансискиот дел, „
Економист“ состави сопствена ранг-листа која се фокусира на конкретната заработка по дипломирањето наместо престижот. Во новата ранг-листа, според која најдобрите факултети се оние од кои дипломираните студенти заработуваат најмногу, престижните факултети паѓаат надолу.
„Вашингтон енд Ли“ е најдобриот факултет на листата, додека по него следуваат „Виланова“, „Бабсон“, „Харвард“, „Бентли“, „Отис“, „Алдерсон Бродус“ итн.
Освен „Харвард“, други популарни имиња во првите десет нема. „Принстон“ се наоѓа на 772 место, а „Јејл“ на 1.270 место.