Книга за холокаустот која е добитник на Пулицерова награда стана најпродавана на „Амазон“ откако беше забранета во училиштата во Тенеси, САД. Станува збор за стрипот „Маус“ на Арт Спигелман.
Во книгата се раскажува приказната на родителите на Спигелман за преживувањето во логорот „Аушвиц“ за време на холокаустот.
Одборот за образование на округот Мекмин во Тенеси ја отстранил книгата од наставниот план и ја забранил во училиштата бидејќи во неа имало пцости и илустрации од голотија кои не биле соодветни за учениците.
Но оттогаш книгата стана бестселер. Родителите на авторот биле полски Евреи кои биле испратени во нацистичките кампови за време на Втората светска војна. Во стрипот Евреите се насликани како глувци, а нацистите како мачки.
За време на холокаустот загинале 6 милиони Евреи.
Извор:
BBC