X
 14.05.2026 Живот

Познато кои ќе бидат главните ѕвезди на шоуто на полувремето на финалето на Светското првенство во фудбал

Шакира, Мадона и групата „Би-ти-ес“ ќе настапат на шоуто на полувремето на финалето на Светско првенство во фудбал 2026, кое ќе се одржи на 19 јули на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси.

Крис Мартин од групата „Колдплеј“ е еден од главните организатори на шоуто, кое ќе биде прво вакво шоу на полувреме во историјата на финалињата на Светските првенства. Сепак, настанот веќе предизвикува дебати околу тоа колку долго ќе трае полувремето.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, уште минатата година најави дека финалето на Светското првенство 2026 ќе има историско шоу во текто на полувремето.

Инфантино додаде дека ФИФА планира да го преземе и „Тајмс сквер“ во Њујорк за време на финалниот викенд, а спектаклот ќе биде поддржан од „Глобал ситизен“, иницијатива која има цел да собере 100 милиони долари за деца ширум светот.

Шакира минатата недела ја најави и новата официјална песна на првенството, „Dai Dai“, снимена на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, со настап на танчери во боите на репрезентациите на САД и Колумбија.

Песната е продуцирана со нигерискиот музичар Бурна Бој и официјално ќе биде објавена денес.

Светско првенство во фудбал 2026, најголемото досега со 48 репрезентации, започнува на 11 јуни во САД, Канада и Мексико.

Извор: 6yka.com
Фото: Instagram

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот