Вит Једичка не бил среќен во и со неговата родна земја, Република Чешка, такашто одлучил да започне сам.
Започнал да го бара совршеното место - и го пронашол - мал дел „terra-nullius“, помеѓу Хрватска и Србија, со големина од околу 7 квадратни километри. Местото го нарекол Либерланд, а на 13 април оваа година, тој заедно со неговата девојка и пријател од детството, го спуштил знамето и ја утврдил територијата.
На оваа територија Вит вели дека кој сака може да носи пиштол, кој сака да стапи со кој сака, меѓутоа оваа земја не нуди никакво државно образование или здравство.
Како започна сето ова?
Од многу рана возраст сакав повеќе слобода околу мене. Поминав долго време борејќи се за слобода во мојата земја, Чешка, меѓутоа борбата не беше плодна. Стариот систем беше доста комплициран и се чинеше дека е многу тешко се` да се промени, па затоа заклучив дека е полесно да се создаде нова земја отколку да се воведат реформи во старата.
На 13 април ја основавте Либерланд, на роденденот на Томас Џеферсон, еден од основачите на Америка. Дали планирате да го задржите овој датум како национален ден на Либерланд?
Да, дефинитивно. Тоа ќе биде нашиот национален ден, а планираме и фестивал.
Кои други работи од американскиот систем би сакале да ги имплементирате во Либерланд?
Општите идеи на Американската револуција и таканаречената „Tea party“ се доста слични со она што го правиме во Либерланд. Ние сме инспирирани од стариот американски систем, како тој функционирал, и би сакале да научиме повеќе.
Досега имате добиено околу 400.000 апликации за државјанство. Дали ќе ја прифатите секоја петиција или ќе ги изберете само најдобрите кандидати кои ги исполнуваат условите?
Планираме да го искористиме британскиот систем, кадешто државата продава државјанство за 1 милион фунти. Ќе прифатиме било каква форма на енергија, кадешто луѓето можат да ни помогнат со нивното време и врски и ќе добијат поени со тоа, или пак да донираат во Либерланд.
Дали постои минимален износ на донација основан за државјанство?
10.000 мерити (валутата во Либерланд) што е еднакво на 10.000 долари. Откако илјада луѓе ќе добијат државјанство, цената ќе скокне 100.000 мерити за државјанство.
Дали започнавте да прифаќате апликации?
Да, системот е стар четири дена такашто неодамна започнавме со овој систем.
За да се добие државјанство, дали е задолжително луѓето да се преселат во Либерланд?
Не, но ако сакате да добиете државјанство ќе мора барем да ја посетите државата.
Колку граѓани планирате државата да има во првите пет години од своето постоење?
Можеби 50.000.
Ставивте знаме на ничија земја и прогласивте нова држава. Како изреагираа Хрватска и Србија?
Србија дава исклучителна поддршка на нашите напори, што и да ни треба, тие ни помагаат што е навистина одлично. Хравтска ни обезбедува да ги зачуваме границите безбедни - ако некој се најде на преминот од Хрватска во Либерланд, тогаш тие се уапсени за нелегално минување на шенгенската граница.
Какви се вашите планови за инфраструктурата и иднината на Либерланд како земја?
Планираме да создадеме меѓународен аеродром на околу 8 километри од Либерланд, што ќе биде на страната на Србија; тоа е еден од воените авиони кој беше уништен за време на војната. Сакаме да се обидеме да го претвориме во меѓународен аеродром, а имаме испланирано уште неколку проекти за електрани, како извор за енергија за населението.
Сега имате 7 квадратни километри и прифаќате донации, но треба да изградите држава. Дали можете да објасните како планирате да го направите тоа и кој ќе биде вашиот главен даночен систем, ако имате таков?
Нема да градиме работи. Луѓето ќе имаат можност да финансираат се` што сакаат да биде изградено.
А јавни згради?
Ние сакаме само една јавна зграда - ќе биде изградена од една куќа која моментално е и единствената на оваа територија, а која беше напуштена повеќе од 30 години.
Кои се вашите меѓународни цели? Дали планирате да влезете во Европската Унија, НАТО или ОН?
Па и не баш, Европската Унија има 180.000 страни со регулативи, такашто сето тоа би го уништило нашиот сон за држава без многу регулативи. Тие имаат даноци за се`, и сето тоа не е во согласност со нашата идеја за минимум оданочување.
Ние би сакале да бидете членови на договорот за слободна трговија или пак членови на воено неутрална земја кадешто другите земји би можеле да го решат нивниот спор. Би сакале да бидеме место на кое Обама и Путин се среќаваат за да разговараат за несогласувањата. Навистина би сакале да имаме позиција како Австрија и Швајцарија.
Дали имате некакви бариери за приватните или невладините организации да имаат канцеларии во Либерланд?
Не, ОН може да има канцеларија во нашата земја. Исто како Швајцарија, која не беше дел од Обединетите Нации, а сепак во оваа земја беше седиштето.
Која валута ќе ја користите?
Отворени сме за било која валута, меѓутоа веројатно ќе се користи мерит валутата.
Кои се вашите планови за преселувањето на луѓето во Либерланд?
Тогаш кога местото ќе биде пристојно за живот. Се надевам дека ќе биде до следната година, можеби септември.
А вие? Кога планирате да се преселите?
Планирам да се преселам што е можно поскоро, се надевам во текот на летото следната година.
Ајде малку за правдата. Каква казна планирате да имплементирате во случај на кражба? Дали планирате да екстрадирате некој од сопствената држава доколку тој е граѓанин?
Да, може да го направиме тоа. Тоа е нешто охрабрено од меѓународната заедница, повеќе да не е граѓанин доколку стори кривично дело за кое заслужува казна.
Дали планирате да постои затвор?
Планираме да ги користиме затворите од другите земји, такашто не би имале затвори.
Дали сте стапиле во контакт со другите земји за ова?
Се`уште е рано да се дискутира. Се`уште не, но постојат многу земји кои нудат вакво нешто; постојат доста добри затвори во Русија.
Што со човековите права, дали имате некакво размислување за родовите права? ЛГБТ, правата на жените итн?
Дефинитивно. Обезбедуваме владата да не може да направи ништо во врска со било какви закони, осве дипломатија, безбедност и правда. Ова значи дека владата нема да може да создава закони за бракот, а нема да постојат закони за хомосексуалните бракови.
Значи секој ќе може да стапи во брак во Либерланд?
Да, државата нема да може да направи ништо околу тоа. Секој ќе може да стапи во брак со секој.
Дали ќе постои полиција?
Ќе има шерифи. Имаме неколку иновативни идеи: секој којшто ќе биде заинтересиран да го обезбеди местото ќе може да се пријави за оваа работа. И ова ќе биде така за секого: секој ќе може да се пријави за работа во владата.
Планирате ли шерифите да бидат вооружени или невооружени?
Секако, вооружени. Нема да можат да обезбедат многу заштита ако не носат оружје.
Ајде малку за здравството. Здравството ќе биде приватно?
Да, точно. Сакаме државата да биде апсолутно надвор од оваа област.
А ако некој не може да си дозволи дали државата ќе му помогне?
Не, тоа ќе биде задача на црквата, нема да бидеме вклучени во тоа.
Нема да бидете вклучени во бездомништвото, социјалната помош или било какви социјални услуги?
Не баш. Мислам дека црквата би била многу подобра за овие работи. Социјалниот систем е доста неефикасен.
А ако не постои црква, а сите жители се атеисти и агностици?
Мала е веројатноста да се случи тоа треба да ги видете апликациите. Повеќето луѓе веруваат во некоја религија.
Дали нивната цел е да изградат црква?
Не знам, нема да влијаам. Луѓето кои ќе се преселат во Либерланд ќе бидат богати бидејќи слободата носи просперитет и нема да сакаат да ги видат другите луѓе како умираат на улица, затоа ќе донираат во црква.