X
 03.05.2016 Култура

Нацистичките ракети кои уништувале градови во Втората светска војна

Првата долго-стрелна балистичка ракета во светот била изградена од нацистичка Германија под името „Vergeltungswaffe 2“.

 

svetska


Со дизајн предводен од Вернер вон Брауун, V-2 не била подготвена и распоредена во силата се` до крајот на Втората светска војна, кога Хитлер бил очаен за ново супер оружје со кое ќе си го зајакнел моралот кој полека му исчезнувал. Ракетата висока 13 метри била дизајнирана да достигне брзина од повеќе од 5.600 километри на час и да погоди претходно поставена цел на далечина од 320 километри со помош на жироскопи, акцелерометри и стабилизаторски перки.

Првиот V-2 бил лансиран во септември 1944 година, а бил проследен со уште 3.100 во текот на следните месеци. Мнозинството беа насочени во Антверпен и Лондон, во кој имало повеќе од 1.700 и 2.700 цивилни жртви. Во еден случај, V-2 погоди кино во Антверпен и убил 567 лица.

Последниот германски V-2 бил лансиран на 27 март 1945 година, еден месец пред Германија да се предаде. Неискористените V-2 станале скапоцена награда за Америка и Русија. Дизајнерите на V-2, вклучувајќи го и Вернер вон Браун, започнале со изградба нан ракети за почетоците на американската вселенска програма.

 

Линк до галеријата.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура