X
 08.11.2015 Живот

Како кучињата им помагаат на студентите под стрес?

Радио станицата на Универзитетот во Невада го истражувала проблемот на менталните болести меѓу младите луѓе, а со истражувањето започнале на факултет бидејќи многу студентски советувалишта забележале зголемување на бројот на студенти со напади на анксиозност или депресија.

 

куче


Како што тврди Џулија Ричи, некои универзитети, како Универзитетот во Невада се насочуваат кон терапија со помош на животни за да им помогнат на студентите да се соочат со емоционалните предизвици и сите добри и лоши страни на академскиот живот.

Библиотеката на Универзитетот во Невеада е тивко и мирно место во кое студентите ги подготвуваат испитите и пишуваат семинарски, но моментално во неа душкаат и трчаат и кучиња.

Една волонтерка од здружението „Paws 4 love“ ги запознава студентите со својата пудлица која студентите едноставно ја обожаваат.

„Одлучив да дојдам бидејќи утрово имав тежок испит и бев мртва уморна. Поминав половина час галејќи ги кучињата и сега се чувствувам многу подобро“, вели студентката Лорен Билби.

Овие влакнести помошници се дел од новата програма за алтернативна терапија која започнала  на почетокот на овој семестар. Марсија Купер од советувалиштето за студенти објаснува:

„Се обидуваме советувалиштето да го преместиме од кабинетот во просториите кадешто студентите престојуваат“.

Најпопуларни се кучињата кои ја посетуваат терапијата и доаѓаат на кампусот секој втор четврток.

„Една од најпопуларните активности меѓу студентите е да им овозможиме постојано присуство на кучиња на кампусот. Неколку универзитети веќе направија истражувања во кои беше заклучено дека интеракцијата со кучињата го намалува чувството на анксиозност, осаменост и генерално помага да се подобри расположението кај студентите“, вели Купер.

Лесли Стујарт, вонредна професорка на државниот Универзитет во Ајдахо, спровела слично истражување минатата година во кое учествувале 55 студенти во тераписка програма со животни. Таа открила дека чувствата на вознемиреност и осаменост се намалила за околу 60%.

„Врската на човекот со животните делува терапевтски уште од пред илјадници години. Мислам дека поврзаноста и позитивните ефекти од дружењето и животните и човекот можат да имаат голема придобивка“, вели Стујарт.

Овој облик на терапија станува се` повеќе популарен низ светот, но треба да се има во предвид дека се`уште не е познато влијанието на ваквата програма со животни. Потребно е да се направат уште неколку истражувања и да се соработува со кучиња кои се обучени за ова за да се избегне ситуација на експлоатирање и мачење на животните, заклучува истражувањето. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот