X
 09.11.2015 Култура

Дијамантот кој го сакаат четири држави

Дијамантот кој го носи кралицата на Велика Британија на својата круна, а кој го носеле и нејзините претходници, би можел да биде изваден од круната и вратен во Индија многу наскоро.


Индија отворила судска постапка пред Врховниот суд во Лондон барајќи од британската влада да врати 105-каратен дијамант кој се наоѓа на круната. Давид де Соуза, претставник на групата која го финансира судењето, изјавил дека дијамантот наречен кохинор е еден од многубројните артефакти кои биле однесени од Индија под сомнителни околности.

Имено, тој тврди дека дијамантот, меѓу останатите работи, е доказ за лошите последици на британската колонизација врз индиското богатство и духот на земјата. Дијамантот, освен скапоцентост, е и дел од историјата и културата на Индија, велти де Соуза.


Очекувано, Велика Британија го одбила барањето за враќање на дијамантот кој владетелот Дулип Синг ѝ го подарил на кралицата Викторија во 1851 година. Историчарот Ендру Робертс за „Дејли Мејл“ изјавил дека „британскот кралски накит е вистинското место за дијамантот, кој претставува благодарност и признание за повеќе од тривековно британско присуство во Индија кое придонело кон модернизацијата, развојот и демократизацијата на таа земја“.

Истовремено, право на накитот тврдат дека имаат и Пакистан и Иран. Се смета дека тој постои од 1304 година и според легендата, оној кој го носи ќе стане неверојатно моќен, но истиот смее да го носи само Бог или жена.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура