Отсекогаш лошо сум ја поднесувал дрогата. Лошо ми е дури и кога ќе пушам треба. Еднаш, откако испушив трева, се заклучив во затемнета просторија, се склопчив и зјапав во бакарниот чајник.
Со оглед на мојот проблематичен однос со дрогата, не е невообичаено тоа што започнав да истражувам за „Datura“ - една од најопасните дроги во светот. Оваа дрога се вади од семето datura, кое е доста силно и само ако ѕирнете низ форумите за дрогата ќе откриете дека голем број луѓе кои се осудиле да ја пробаат оваа дрога, велат дека е навистина ужасно искуство. Постојат буквално илјадници приказни за луѓе кои целосно се изгубиле и себеси и разумот со само неколку семки datura. Голем дел од нив не можат да се сетат што правеле со денови, а супстанцијата е толку токсична што може да убие. Некои дури и ја користат за самоубиство.
Но, ова растение е насекаде низ
Романија. Го има насекаде - на напуштени паркинзи, напуштени дворови и приватни куќи. Растението може да се најде дури и во центарот на Букурешт, веднаш пред неодамна реновирани културен институт.
Според зборовите на Јосиф Габош-Греку, психијатар на Психијатриската клиника Таргу Муреш, внесувањето на ова растение во организмот може да предизвика екстремни халуцинации кои можат да траат со денови. Тој се присетува на еден случај кога во болница довеле психотично дете кое консумирало неколку семки од растението. Јосиф вели дека тоа било прв пат кога се соочил лсо нешто толку драстично.
„Тоа е прилично познат случај. Момчето се шеташе низ паркот со пријателите и касна една рака семки. Кратко време после тоа, паднал на улица. Донесен е во болница во критична состојба. Отровот во растението може да предизвика ментално заболување, халуцинации и пореметување на перцепцијата. Визуелните халуцинации се најлошиот дел од приказната. Тие се застрашувачки. Момчето не знаеше што му се случува - гледало чудовишта, тешко дишеше и беше доста вознемирено. Луѓето не можат да се контролираат кога се во таква состојба. Лесно можат да станат опасни, а да не се свесни за тоа. Не би ме изненадило ако убијат некого. Ова момче за малку ќе го изгубеше животот“, вели тој.
Но, и покрај сето ова, некои луѓе растението го консумираат за забава.
„Откако ќе ја земете, ќе паднете во длабок сон, но кога ќе се разбудите вие и понатаму сонувате. Претпоставувам дека тоа може да биде пријатен сон или кошмар. Не можете да направите разлика дали сте будни или сонувате“, вели Александар, кој има консумирано од семките.
„Бев на патување два дена откако зедов од семките. Се обидував да ја пронајдам девојката од грмушките. Уште 48 часа после тоа, јадев се` што ќе пронајдев - дури и крема за сончање. Седев со пријателите на маса и јадев од кремот за сончање. На крајот испадна дека луѓето кои ми дадоа од ова растение го направија тоа за да ме ограбат. Ми зедоа се` - ранецот, чевлите, се`“, вели тој.
Пријателот на Александар, Ендру исчезнал неколку дена откако пробал daturu. Неговите родители го пронашле дехидриран и убеден дека преживеал бродолом на островот.
„Изгледаше како зомби. Мораше итно да биде префрлен на болница“ вели Александар. За работите да бидат почудни, тој рече дека би пробал уште еднаш.
Се смета дека растението било донесено во Европа од Јужна Америка, од страна на истражувачите на „Новиот свет“, заедно со растенијата како пченка, домати и компири. ВО историјата, ова растение имало разни намени. Ацтеките го користеле за време на ритуал. Оние кои ќе ги преживееле халуцинациите или се враќале како луѓе или воопшто не се враќале. Александар Шуц, познатиот романски психијатар од 19-от век, го користел за да ги смири своите пациенти. Романските писатели го користеле како средство за заспивање.
Но, романскиот психијатар Габриел Цицу вели дека скополаминот кој се извлекува од ова растение не треба да се нарекува „најопасната дрога во светот“.
„Ова е само американски маркетинг. Некои луѓе бараат вонтелесни искуства и засилена состојба на свеста што е веќе некој вд на натуралистичко хоби; тие сакаат да се спојат со природата. Воглавно ваквите типови на луѓе земаат дрога. Тие се модерни хипици. Не е толку честа појава“, вели тој.
Тој додава дека оваа дрога не се разликува од другите дроги кога станува збор за злоупотреба.