X
 19.10.2018 Економија

Која земја од ЕУ има највисока просечна месечна нето-плата?

Земјата со највисока просечна месечна нето-плата во Европската Унија е Луксембург, додека на последното место е Романија, покажуваат податоците од францускиот Економски институт „Молинари“ за 2017 година.

Просечната месечна нето-плата во Луксембург е 3.151 евро, додека во Романија само 321 евро.

Просечна плата повисока од 2.000 евра земаат граѓаните на 11 земји и тие се најпривлечни за економските емигранти.

Од земјите во регионот, Хрватска е на 21. место на листата со просечна месечна нето-плата од 684 евра. Ова покажува дека платата во Хрватска е трипати пониска од платите во Западна Европа. Зад Хрватска на листата се најдоа Словачка, Полска, Латвија, Литванија, Унгарија, Бугарија и Романија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија