X
 11.11.2015 Култура

Највлијателните научни книги на сите времиња

Книгата „За потеклото на видовите“ на Чарлс Дарвин е прогласена за највлијателна научна книга некогаш напишана.

 

darvib


Откако угледни писатели, библиотекари и издавачи создале листа на 20 најдобри научни книги, јавноста имаше задача да ги оцени. Меѓу насловите на самиот врв се најдоа „Одбрана на правата на жените“ на Мери Вулстонкрафт, „1984“ на Орвел и „Богатството на народите“ на Адам Смит.

Професорот на Универзитетот во Глазгов го нарече трудот на Дарвин од 1859 година „врвна демонстрација за тоа зошто научната литература е важна“.

„Дарвин користел беспрекорна опсервација на светот околу нас во комбинација со длабока рефлексија за да напише книга која го промени начинот на кој мислиме за се` - не само за природниот свет туки и за религијата, историјата и општеството. Секој истражува, без оглед на тоа дали пишува книга, создава дигитален производ или уметничко дело, тежнее да произведе нешто значајно во историјата на човековата мисла, како што е „За потеклото на видовите“.

Во продолжение ви нудиме листа на номинираните книги.

„Кратка историја на времето“, Стивен Хокинг

„Одбрана на правата на жените“, Мери Вулстонкрафт

„Критика на чистиот разум“, Емануел Кант

„1984“, Џорџ Орвел

„За потекло на видовите“, Чарлс Дарвин

„Ориентализам“, Едвард Саид

„Тивка пролет“, Рејчел Карсон

„Комунистички манифест“, Карл Маркс и Фридрих Енгелс

Комплетниот опус на Вилијам Шекспир

„Женскиот Евнух“, Жермен Грир

„Создавање на англиската работничка класа“, Е.П.Томпсон

„Значење на релативноста“, Алберт Ајнштајн

„Гол мајмун“, Десмонд Морис

„Владетелот“, Николо Макијавели

„Држава“, Платон

„Правата на човекот“, Томас Пејн

„Вториот пол“, Симон де Бовоар

„Богатството на народот“, Адам Смит
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура