X
 11.06.2017 Технологија

Игра во која главен лик е Никола Тесла

„Eon Break“ е насловот на играта која се финансира преку „Kickstarter“. Се работи за игра во која Никола Тесла, најголемиот научник на сите времиња и главниот лик во играта, патува низ времето и се бори против нацисти и печурки.

фото извор: YouTube

Приказната во играта се одвива во алтернативна 1943 година, по смртта на Никола Тесла, но од студиото не откриваат повеќе детали. Во играта има многу непријатели, кои се уникатни и по механиката и по изгледот. Дизајнерите сакале изгледот на играта подобро да биде вклопен во раскажувањето на приказната.

Кампашањата ќе трае до 13 јули, проектот ќе биде финансиран само ако се соберат потребните 50.000 долари. Играта до сега е поддржана од 44 помагатели со 2200 долари.

Ако вложите 10 долари, ја добивате комплетната игра, а колку што е поголема вашата великодушност, поголем е и бројот на погодности кои ги добивате. За повеќе детали, можете да кликнете на овој линк.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија