X
 03.08.2016 Технологија

Функции кои не сте знаеле дека Фејсбук ги нуди

Со повеќе од 1.44 милијарда активни корисници месечно, Фејсбук доминира меѓу социјалните медиуми. И покрај тоа што постојано сме онлајн на Фејсбук, постојат одредени функции кои веројатно не сте знаеле дека Фејсбук ги нуди.

 

фб


1. Споделување на пост со сите освен една личност

Пријатели сте со вашиот шеф или колега на Фејсбук и не сакате да знаат дека сте заглавиле во некое диско синоќа, а сакате да споделите фотографии на Фејсбук? Можете да објавите пост на Фејсбук и да забраните одредени луѓе да го гледаат.

Како да го направите тоа: Facebook app> започнете пост > менито под вашето име > Friends except > Додајте ги пријателите со кои не сакате да го споделите постот.

2. Исклучете го автоматското пуштање на видеото од вашиот News Feed

За да ги промените вашите поставки треба: Facebook app > More > Settings > Account Settings > Videos and Photos > Auto-play > Never Autoplay Videos.

3. Променете го статусот на вашата врска без да знае целиот универзум

Раскинувањето е доволно болно и без да знаат вашите поблиски и подалечни пријатели. За сите оние кои не знаат, можете да го промените статусот без да ги известите останатите пријатели.

Како да го направите тоа: Вашиот профил  About > Relationship > малото копче на долниот лев агол со силуети > променете во Only me > сменете го статусот во Single (или што сакате друго). Промените нема да се појават кај вашите пријатели.

4. Научете ги луѓето како да го изговорат вашето име правилно

Профилната страна > Edit info > одете надолу до How do you pronounce your name?. Ова ќе им се појави на луѓето во вашиот дел „About“.

5. Оневозможете ја опцијата „Seen“ на пораките


Не секогаш сакате другите луѓе да знаат дека сте им ја прочитале пораката. Понекогаш сакате да избегнете одредена порака бидејќи откако ќе ја отворите, се чувствувате присилени да одговорите.

За среќа, постои апликација која ќе ви ги олесни работите. Бесплатната апликација „Unseen“ ви овозможува тајно да ги прочитате вашите Фејсбук пораки без испраќачот да знае. Но, со оваа опција и вие нема да знаете кога одредена личност ќе ја прочита вашата порака.

Како да го направите: Ако користите Chrome, преземете го додатокот Unseen for Facebook, а ако користите Firefox/Internet Explorer, инсталирајте Chat Undetected.

6. Додајте ги родендените во вашиот календар

Еден од најкорисните делови на Фејсбук е тоа што ве прави внимтелни со помнењето и честитањето на родендените на вашите пријатели, меѓутоа станува досадно кога мора секојдневно да проверувате. Но, можете да ги додајте родендените во вашиот календар.

За да го направите тоа одете на Homepage > Events > одете надолу и изберете „You can add your events to Microsoft Outlook, Google Calendar or Apple Calendar > Birthdays. Копирајте го линкот, а потоа отворете го вашиот Google Calendar > Other calendars > кликнете ја долната стрелка > Add by URL > копирајте го URL.

7. Зачувајте ги статиите за подоцна


Постојат голем број интересни статии кои сте ги виделе на Фејсбук но немате време веднаш да ги прочитате. Фејсбук има вградена функција за bookmark која ќе ви помогне да ги зачувате.

За да го направите тоа: Кликнете на Share копчето на статијата > Save link. На десктоп зачуваните статии можете да ги пронајдете од лево, во Saved tab, a на мобилниот во More > Saved.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија