X
 12.11.2015 Култура

Кое е најпопуларното име во светот, а кое во Македонија?

име

 

Најпопуларното име за девојче во светот е Софија или некои од верзиите на ова име. Тоа го покажа статистиката спроведена од водечките американски експерти за имиња на чело со Лаура Ватенберг.


Ова е најчестото име кое го имаат девојчињата во Русија, Мексико и Италија и уште 20-тина земји, меѓу кои е Америка и воглавно Европа.

„Фасцинантно е на толку различни јазици и на толку различни култури едно име звучи еднакво. Тоа зборува нешто за начинот на кој денес културата се пренесува“, вели Ватенберг.

Експертите за имиња наведуваат дека уште некои земји би можеле да го преземат ова име, а останува да видиме дали овој тренд ќе се прошири и во нашата земја.

Кога станува збор за нашата земја, Александар и Марија се најчестите имиња. Во периодот до 31 март оваа година регистрирани се 23.584 лица со името Александар и 21.311 со Марија.

На второ место се наоѓа Зоран со 16.532 и Никола со 15.715 од машките, а од женските Елена е на второ место со 12.112 и Билјана со 11.769. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура