X
 18.01.2018 Култура

Зошто пивото некогаш имало вкус на чад?

1

Денес производителите на пиво можат да додадат каков било вкус во пивото што го произведуваат. Некои се новооткриени, како што е чили-пиперка или тиква, додека други се длабоко традиционални. Чадот е еден од традиционалните вкусови, со долга историја. Низ цела Европа навестувањето за скара некогаш било доста распространето - сè до Индустриската револуција вкусот бил неизбежен резултат на процесот на подготовка. Сладот бил една од основните состојки на пивото, а промената во тоа како е направено пивото влијаела врз тоа каков вкус имало пивото, а во овој случај, имало вкус на чад.

Житариците, за разлика од зрната на виното и јаболката, не содржат шеќери. Тие имаат скроб, што не може да се ферментира сè додека не се претвори во шеќер.

Производството на слад предизвикува зрната да никнат, но овој процес мора да биде прекинат со сушење на зрната пред тие да се формираат. Во повеќето европски земји што произведувале пиво огнот бил единствениот начин да се направи тоа. Со тоа се ширел топлиот воздух и чадот низ сладот, сушејќи го и давајќи му вкус на час.

Промената дошла од Англија, во пресрет на Индустриската револуција. Во текот на 17 век почнал да се користи ефикасен јаглен што давал порамна и поконтролирана температура од огнот на дрва. Но чадот од јагленот не бил толку пријатен како чадот од дрва. Откако почнале да користат јаглен, Англичаните можеле да користат разменувачи на топлина, што донеле доследен, добро регулиран топол воздух на слад што го насочувал чадот подалеку и низ оџакот. Како резултат на тоа, чадот повеќе не бил стандардна компонента на пивото. Со тоа, консументите на пиво можеле да уживаат во почисти и појасни вкусови на слад и хмељ. „Новите“ пива биле и полесни и поконзистентни во нивната боја. Иако пивата со вкус на чад биле вкусни, тие генерално не биле освежувачки на начинот на кој биле пивата направени со неисчаден слад.

пиво

Освежувањето не е единствената причина за пиење пиво, а некои обожаватели на пиво не сакале да се откажат од нивните „исчадени производители на пива“. Одредени подрачја во Норвешка и во Полска цврсто се држеле до нивниот стил, меѓутоа, со текот на времето бројот на ваквите производители се намалувал.

Меѓутоа, чаденото пиво може повторно да се врати во мода. „Чадот е една од основните карактеристики на човечката храна“, вели Гарет Оливер, производител на пиво во Бруклин. Тој тврди дека чадот има примарна привлечност во која речиси секој човек ужива. Можеби технологијата го отстрани чадот од пивото, но тоа не значи дека не ни недостига. „Мислам дека постои интерес за враќање на овие димензии на храна и пијалаци што се изгубени, а можат да бидат навистина пријатни“, вели Оливер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура