X
 14.11.2015 Технологија

Генијална идеја за криење на бројот од мобилниот телефон

Бидејќи секому се случило барем еднаш да го даде својот број и да жали... Дали некогаш ви се случило некој кој не го познавате најдобро да го побара вашиот приватен телефонски број?


Без разлика дали се работи за некој што сте го запознале вечерта или се работи за друга ситуација, сега постои решение за овој проблем. „Phox“ е услуга која нуди можност за доделување лажен број со кој сите пораки се преусмеруваат на вашиот вистински број.

Така, може да комуницирате со луѓе без веднаш да го откриете приватниот број. Меѓутоа, ова засега е достапно само во САД.

Како функционира?

По регистрацијата, апликацијата испраќа лажен број кој може да се дава на останатите. Потоа, корисникот ги прима пораките испратени на лажниот број на својот вистински број. Толку едноставно.

Дали би користеле нешто вакво?



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија