Новиот број на сатиричното списание „Ла Боуг ду Сапер“, единствениот весник во светот што излегува на секои четири години, повторно се врати на киосците во Франција.
Списанието со 20 страници е специфично по тоа што излегува само на 29 февруари, односно секоја престапна година.
Првиот број бил објавен во 1980 година, а ова е негов 12. број. Бил дизајниран од група пријатели кои сакале да се забавуваат.
Тиражот е околу 200.000 примероци и чини околу 5 евра.
- Кога првиот број се распродаде за два дена, сопствениците на продавниците побараа од нас повеќе примероци. Им рековме во ред, но по четири години - вели Жан д'Инди, еден од сопствениците на списанието.
Како што раскажува тој, весникот и понатаму го издаваат само неколку пријатели.
- Се среќаваме во кафуле, смислуваме идеи, се забавуваме. Ако му е интересно на читателот, тогаш тоа е вистинска премија - додава тој.
Списанието е политички неутрално и има рубрики за политика, спорт, меѓународни односи, уметност, забава, како и дел посветен на крстозбори.
Текстовите се напишани во форма на хумористични коментари.
- Во списанието има француски хумор и не може да се преведе на други јазици. Се обидуваме да бидеме блесави, но не и безобразни, да користиме сатира, но не да бидеме сурови - вели Жан.
Продолжението на списанието ќе биде објавено во 2028 година. Списанието нема онлајн верзија и може да се купи само во киосци.
- Се надевам дека секоја четврта година списанието ќе ја гледа светлината на денот. Луѓето треба да се насмеани овие денови - додава Жан.
Извор:
ВВС
Фото: ВВС