Изминативе неколку години студентските домови во Македонија беа во центарот на вниманието поради состојбата во која се наоѓаат. Руинирани, без струја, без топла вода и во состојба во која не би живееле ниту животни, студентите се'уште го туркаат студентскиот живот во тешки услови.
Да се вратиме неколку години назад....
Во Август 2008-ма година, Владата објави дека планира да почне со изградба на нов студентски дом кој ќе се гради на просторот на бараките од студентскиот дом „Стив Наумов“. Од Министерството за образование тогаш изјавија дека идејното решение за домот е готово. Домот ќе има 600 легла со три ламели од по 200 легла, а ќе биде на четири ката и потпокрив.
За новиот дом
Владата тогаш одвои 4 милиони денари за почеток на градбата, а од идната
година беше најавено ека ќе бидат доделени и дополнителни средства“,изјави тогаш портпаролката во
Министерството, Маја Корубин.
Неколку години подоцна, односно, 7 години подоцна....
Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје годинава доби нови бараки во непосредна близина на постоечките згради. Се работи за инвестиција вредна 103 милиони денари.
Изградбата на бараките заврши во јуни годинава,со можност за примање на 140 студенти. Меѓу другото, новите 8 павиљони имаат соби со пристап за хендикепирани лица, а на самите објекти има колектори.
Денеска премиерот Груевски најави дека ќе се градат три нови студентски домови во Македонија, од кои два во Скопје, а нов студентски дом ќе добие и Тетово.
Тој образложи дека во Медицинар студентскиот дом кој ќе биде со капацитет од 350 до 400 места за студенти, а во склопот на студентскиот дом ќе има и спортска сала, читална, библиотека итн.
Времето си поминува, владите се менуваат, министрите се менуваат, но има еден проблем.....Младите си заминуваат.