Младите лидери често се угледуваат на оние постарите кои имаат карактеристики на добар водач. Една од поважните карактеристики на лидерот е да биде харизматричен, и освен неговата визија и емоционална сила, да биде дисциплиниран и храбар.
„The global shapers community“ е форум на млади економисти кои собираат млади лидери помеѓу 20 и 30 години. На овој форум повеќе од 1.000 луѓе од 125 земји и 285 градови во анкета откриваат кои светски лидери, и поранешни и сегашни, за нив се најдобри и најмногу ги инспирирале.
Меѓу топ 11-те се Нелсон Мандела, Стив Џобс, Барак Обама и Махатма Ганди. Нелсон Мандела, кој за младите е најинспиративен, почина во 2013 година, а беше добитник на Нобеловата награда за мир - година дена претходно беше избран за претседател. На чело на Јужна Африка беше до 1999 година, кога и поднел оставка.