Власта во Русија, на чело со Владимир
Путин и Димитриj Медведев, доби нови и неочекувани противници – гласни и револтирани млади луѓе.
„Неодамнешните случувања покажаа дека естаблишментот ᾽се сопнаʿ на еден неочекуван феномен кој за нив е многу непријатен – млади луѓе кои не гледаат телевизија“, оценува за
Business Insider Николај Сиров, новинарот кој ги следеше протестите.
Наместо преку телевизиите, кои се под контрола на државата, младите Руси информациите ги бараат на интернет, кој според Сиров, сè уште е „релативно нецензуриран“. Навални токму преку социјалните мрежи, со објавување видеа против Кремљ и преку својот блог, стекна популарност и значаен број следбеници.
За потсетување, Алексеј Навални е уапсен во текот на протестите и е осуден на 15 дена затвор.
Нина Хрушчова, професорка за меѓународни работи и правнука на поранешниот советски лидер, Никита Хрушчов, вели дека протестите, но и настојувањата на Кремљ да ги разбие, би можеле да се интензивираат пред претседателските избори во 2018 година на кои Навални има намера да се кандидира.
„Според она што го слушам, на протестите излегуваат припадниците на ᾽средната класаʿ – инженери, уметници... Тоа е избирачкото тело на Навални“, смета Хрушчова.
После протестите, портпаролот на Кремљ тврдеше дека на протестирачите кои излегле на улиците на 26 март им биле ветувани парични награди.
Протестирачите носеа и гумени пајки во рацете како одговор на наводите дека премиерот Димитриј Медведев има посебна куќа за пајки на својот имот од 80 хектари кој е опколен со висок ѕид, пишува
Business Insider.