X
 18.11.2015 Образование

Совети од апсолвентите до бруцошите

Факултетот го менува човекот. Личноста која ќе бидете како бруцош нема да биде истата на крајот на студиите. Кога би имале можност како бруцош да поразговарате со самите како апсолвент, веројатно би слушнале нешто вакво:


Евтината храна во мензата не значи дека мора да се здебелите

Во стресни ситуации, некои се препуштаат на храната, а на почетокот на студиите, секој бруцош се соочува со стресни ситуации. Бруцошкото здебелување не е задолжително.

Никој не ве набљудува толку колку што мислите

Се чувствувате како пред рефлектори, но факт е дека никој не ве набљудува толку детално како што мислите.

Алкохолот е опција

Можеби студентските забави се популарни по пијанчењето, но тоа не значи дека од вас се очекува да го правите тоа секогаш кога ќе излезете.

Постои цел свет надвор од кампусот

Факултетот и кампусот можеби изгледаат како цел свет за бруцошот, но студентскиот живот постои и надвор од нив.

Цимерот/цимерката ќе ви биде најголем учител

Најдобрите лекции за врските, компромисот и соживотот ќе ги научите со помош на цимерот/цимерката. Заедничкиот живот ќе ве научи да бидете потолерантни и цивилизирани.

Ќе плачете, можеби и повеќепати

Заминувањето од дома може да биде трауматично за многу студенти, без разлика колку тие се чувствувале подготвено. Тоа е составен дел од растењето.

Немојте да се изненадите доколку за време на празниците се вратите различни

Промените може да започнат уште од првиот ден и веќе до крајот на првиот семестар да се вратите како нова личност пред вашите родители.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование