Научниците развиле нов метод за брзо патување на светлината со нов материјал. Новиот материјал направен од силициумски делови создава константна фаза на светлина која се простира на неограничено долги бранови должини.
Во 21-от век, фотонските уреди, кои ја користат светлината за да пренесуваат големо количество информации за брзо време ќе ги подобрат, а можеби и заменат електронските уреди. Сепак, потребно е да се направи еден чекор пред оптичките врски да бидат интегрирани во телекомуникациските системи и компјутери.
Имено, истражувачите треба да го олеснат манипулирањето на светлината на ниво на нанометри. Истражувачи од „Харвард“ го создале првиот метаматеријал со кој светлината може да патува бесконечно брзо. Овој нов метаматеријал бил направен во лабораторијата на Ерик Мазур, професор по физика и применета физика.
„Светлината не мора типично да биде притисната или манипулирана но овој метаматеријал дозволува манипулација на светлината од еден чип на друг, за притискање, свиткување и намалување на дијаметарот на зракот од макро на нано. Тоа е неверојатен нов начин за манипулирање на светлината“, вели
професорот Мазур.