X
 30.11.2016 Наука

Научниците ќе ја тестираат теоријата за брзината на светлината

Веруваат дека брзината на светлината некогаш била уште поголема...

Поглед врз Земјата ноќе

Науката би можела во целост да ги отфрли основните сфаќања за вселената. Се подготвува тестирање на теоријата за брзината на светлината што долго време се сметаше за радикална. Ако се покаже дека теоријата е точна, би можела да ги промени основните концепти за вселената кои досега се сметаа точни, пишува Индипендент.

Имено, теоријата ја оспорува тезата дека брзината на светлината не се менува, а за неа се врзуваат некои од најважните концепти во физиката. Особено е важна за теоријата на релативноста и начинот на ширење на вселената по Големата експлозија, како што досега се веруваше.

Брзината на светлината некогаш била поголема

Теоријата што ќе се тестира упатува дека на почетоците на настанувањето на вселената, светлината се движела значително побрзо отколку сега. Брзината на светлината од 186.282 милји во секунда се сметала не само како константа, туку и како максимална брзина во вселената. Научниците што ја застапуваат новата теорија, се надеваат дека ќе успеат да ја докажат со проучување на CMB (Cosmic Microwave Background) „рефлектирачката“ радијација, што се емитирала кратко по Големата експлозија и што служи како вид на слика за раната вселена.

Законите на природата некогаш биле поинакви од денес

Водечкиот научник во тестирањето на новата теорија, професорот Joao Magueijo од Imperial College во Лондон, вели дека новата теорија поставена во доцните деведесетти, достигна точка на созревање и сега може да биде тестирана. Доколку пронајдоците бидат точни, би можеле да ја модифицираат и теоријата на Ајнштајн за гравитацијата.

„Идејата дека брзината на светлината би можела да биде варијабилна, беше радикална кога беше предложена, но со нумеричките предвидувања стана нешто што физичарите навистина можат да го тестираат. Ако го докажеме тоа, всушност ќе докажеме дека законите на природата не биле отсекогаш исти како денес“, вели тој.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука