Ништо не е побрзо од брзината на светлината. Освен брзината на темнината. Можеби ова звучи како наслов на мрачен филм, меѓутоа, е чиста вистина.
Иако е малку тешко да се процесира, сенките можат да се движат побрзо од брзината на светлината, иако ништо не може да се движи побрзо од брзината на светлината.
За да го разберете сето ова, ви нудиме експеримент што ќе ви појасни.
Замислете дека имате светлина доволно моќна да стигне до планетата Јупитер. Замислете дека фрла зрак во конус што е доволно широк да го покрие цел дијаметар на планетата. Кога ќе поминете со прстот над леќата, сенката ќе го премине целиот дијаметар на планетата - растојание од 139.821 километар. Брзината на светлината изнесува 299.338 километри во секунда. Со тоа, ако ви е потребно помалку од половина секунда за да ја поместите раката на таа далечина, тогаш сенката ќе ја има „скршено“ брзината на светлината.
Погоре рековме дека ништо не може да се движи побрзо од светлината - тоа е клучот. Сенките не се ништо, туку се отсуство на нешто - конкретно, фотони или честички на светлината. Бидејќи нема ништо што всушност патува на далечина, единственото нешто што се движи е областа каде што протоните не се. Нема информации дека се пренесува побрзо од светлината, туку само блокирање на информации. Ова значи дека вашето меѓупланетарно шоу не крши ниту еден закон на
физиката.