X
 20.11.2015 Култура

Филмот кој никој нема да го види 100 години

Мислите дека тајноста околу најголемите холивудски блокбастери се лудост? Не ни знаете колку е луд проектот на Џон Малкович и Роберт Родригез. Тие двајца соработуваат на филм кој никој нема да го види околу 100 години. Буквално.

 

2


Не е никаква шега. Џон и Роберт создадоа филм наречен „100 years“, кој е сместен во посебен сеф кој нема да се отвори се` до 18 ноември, 2115 година. Зошто? Затоа што станува збор за промоција на Луј XIII коњакот, ултра-луксузен алкохол стар 100 години. Шишето кое моментално се наоѓа на полиците било направено во 1915 година такашто се одлучило да се создаде парче уметност која зборува за посветеноста и квалитетот на нешто што вреди да се направи.
Постојат три трејлери - во секој од нив се претставува поинаква приказна, односно верзија во иднината.

 

„Луј XIII е вистински доказ за владеење на времето и ние се обидовме да создадеме парче уметност, кој го истражува динамичниот однос на минатото, сегашноста и иднината“, изјави глобалниот извршен директор на Луј XIII, Лудовик ди Плеси.


Тие го исконтактирале Малкович, за кој Плеси вели дека е најголемиот актер на неговата генерација, за да дојде до одредена идеја. Која е таа идеја, не сакаат да открија. Сето тоа е план во тајност и илузија.


 

„Постоеја неколку опции кога проектот беше претставен за тоа каква ќе биде иднината. Неверојатно висока технологија, компјутерска верзија, пост-Чернобил, назад во природата, полу-пропадната цивилизација. Потоа имаше ретро иднина која прикажува како иднината била замислувана во научната фантастика во 40-тите и 50-тите години“, вели Малкович.  

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура