Крис Улмер е наставник во Кистон академијата за ученици со посебни потреби во Џексонвил, Флорида. Тој експериментира и воведува прилично необичен метод на настава: на секој негов ученик тој му дава комплимент на почетокот на часот.
Наместо да им го каже наставниот план пред почетокот на неговиот час, Улмер на секое дете му кажува посебни зборови со кои тие се охрабруваат. Улмер објаснува дека комплиментите се спроведување на нова практика во училницата, и со нив се создава попозитивна средина.
„Секое утро поминувам 10 минути давајќи им комплименти на моите ученици. Сведок сум на нивната самодоверба и гледам како нивната самопочит се зголемува. Секое дете заслужува да се чувствува прифатено во овој свет. Наместо да се фокусирам на недостатоците, јас се фокусирам на талентите. Наместо да зборувам за мир, љубов и хармонија, јас прикажувам мир, љубов и хармонија. Ја обликувам реалноста на детето уште од почетокот на неговото животно искуство. Ако тие имаат злобен наставник, тие ќе мислат дека таков е и светот. Но, ако наставникот покажува љубов, хармонија и мир, тогаш тоа станува нивната норма“, вели тој.
Гледајќи ги детските срамежливи реакции откако ќе добијат комплименти е доста слатко и позитивно. Очигледно е дека Улмер ужива во овие моменти. Тој пишува дека овој метод предизвика позитивни мисли кај неговите ученици, па така тие започнаа да си даваат комплименти еден со друг.
„После неколку недели спроведување на оваа практика, моите ученици започнаа да си делат комплименти еден со друг. Никогаш не се навредуваат и активно работат да си помогнат еден со друг. Омразата е однесување кое се учи. Љубовта е природна“, вели тој.
Children learn to love or hate at an early age.I think it's time we actively work towards teaching love and acceptance.
Posted by Special Books by Special Kids on Sunday, November 15, 2015