На еден од првите часови во учебната година, на еден од часовите по психологија, учениците добиле листа со 101 начин за справување со стресот.
Една од ученичките од средното училиште во Калифорнија ја сподели листата на нејзиниот твитер-профил. Таа вели дека нејзиниот наставник знаел колку се под стрес неговите ученици поради училиштето, работата и општо животот.
Листата, која вклучува работи како „поставување приоритети во твојот живот“ и „скокоткање на бебе“, дава одлични совети.
Погледнете ја целата листа:
-Станете 15 минути порано;
-Вечерта пред да легнете, подгответе се за утрото;
-Избегнете тесни алишта;
-Избегнете потпирање на хемиска помош;
-Закажете состаноци однапред;
-Не потпирајте се на вашата меморија... запишувајте;
-Практикувајте превентивно одржување;
-Направете дупликат клучеви;
-Почесто велете „не“;
-Поставете приоритети во вашиот живот;
-Избегнувајте негативни луѓе;
-Искористете го времето мудро;
-Поедноставете го времето за оброк;
-Секогаш правете копија од важните документи;
-Предвидувајте ги вашите потреби;
-Поправете нешто што не функционира правилно;
-Побарајте помош за работите што не ги сакате;
-Разложете ги големите задачи во помали делови;
-Гледајте ги предизвиците во друго светло;
-Поедноставете си го животот;
-Смејте се;
-Бидете подготвени за дожд;
-Скокоткајте бебе;
-Погалете пријателски настроено куче/маче;
-Не знајте ги сите одговори;
-Барајте го позитивното во нештата;
-Кажете нешто убаво за некого;
-Научете дете да лета змеј;
-Шетајте на дождот;
-Организирајте време за играње во текот на денот;
-Наполнете си ја кадата и уживајте во пената;
-Верувајте во себе;
-Престанете да кажувате негативни работи за себе;
-Замислете се себеси како победувате;
-Развијте чувство за хумор;
-Престанете да размислувате дека утре ќе биде подобар ден;
-Поставете си цели;
-Танцувајте;
-Кажете му здраво на непознат човек;
-Гледајте во ѕвездите;
-Практикувајте бавно дишење;
-Научете да свиркате одредена мелодија;
-Прочитајте песна;
-Слушнете некоја симфонија;
-Гледајте балет;
-Прочитајте приказна стуткани в кревет;
-Направете нешто сосема ново;
-Откажете се од лоша навика;
-Купете си цвеќе;
-Најдете време да ги мирисате цвеќињата;
-Најдете поддршка од другите;
-Замолете некој да ви биде партнер во „ослободување од секојдневието“;
-Направете го нештото денес;
-Работете на тоа да бидете весели и оптимистички настроени;
-Ставете ја безбедноста на прво место;
-Правете сè во умерени количини;
-Обрнете внимание на вашиот изглед;
-Стремете се кон извонредност, а не кон совршеност;
-Зголемувајте ги границите секој ден по малку;
-Набљудувајте некое уметничко дело;
-Потпевнувајте џингл;
-Одржувајте ја тежината;
-Засадете дрво;
-Нахранете ги птиците;
-Практикувајте грациозност под притисок;
-Станете и истегнете се;
-Секогаш имајте план Б;
-Научете да цртате нова чкртаница;
-Запомнете шега;
-Бидете одговорни за сопствените чувства;
-Научете да ги задоволите сопствените потреби;
-Станете подобар слушател;
-Научете ги сопствените ограничувања и кажете им ги на другите;
-Кажете му на некој да има убав ден на „свински латински“ (измислен забавен англиски јазик);
-Фрлете авион од хартија;
-Вежбајте секој ден;
-Научете зборови од нова песна;
-Одете на работа порано;
-Исчистете плакар;
-Играјте си со малечко дете;
-Патувајте по различен пат до работа;
-Заминете си порано од работа;
-Одете на пикник;
-Ставете нов освежувач во автомобилот;
-Гледајте филм и јадете пуканки;
-Напишете му писмо на далечен пријател;
-Одете на натпревар и врескајте;
-Пригответе оброк и јадете го на свеќи;
-Препознајте ја важноста на безусловната љубов;
-Сфатете дека стресот е став;
-Пишувајте дневник;
-Практикувајте злобна насмевка;
-Запомнете дека секогаш имате опции;
-Имајте мрежа за поддршка од луѓе, места и работи;
-Престанете да се обидувате да ги поправите луѓето;
-Наспијте се доволно;
-Зборувајте помалку и слушајте повеќе;
-Слободно фалете ги другите луѓе
Бонус: Релаксирајте се, и полека
уживајте во времето... го имате цел живот да го живеете.