X
 23.11.2015 Живот

Како жителите на Брисел известуваа за полициската акција во градот?

Во Брисел се одвиваше операција за спречување терористички напади во текот на изминатата недела и викендот со цел да се одбегне слично сценарио како она на 13 ноември во Париз. Додека полицијата ја спроведувала акцијата, локалните корисници на „Твитер“ и новинарите го користеле интернетот, односно социјалните мрежи, да известуваат за она што го слушаат и гледаат.


Полицијата побара од сите жители радио молк во однос на акцијата. Корисниците на интернет одлучиле да го прифатат барањето, но тоа да го сторат на свој начин - преку мачки.

Користејќи го хаштагот #BrusselsLockdown, корисниците ја смирувале тензијата и известувале за акцијата што се случува во нивна близина објавувајќи фотографии од мачки.

Резултатот погледнете го низ нивните твитови.














Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот