X
 17.01.2021 Живот

Во Белгија чоколадото и пивото се есенцијални производи

Јадеме чоколадо за да се развеселиме, прославиме, почестиме и наградиме, а тоа е особено присутно во исхраната околу празниците. Но дали чоколадото е есенцијална намирница? Доколку ја прашате белгиската влада, одговорот е да!

Белгија произведува одлично чоколадо, а продавниците што се специјализирани за чоколадо оваа година имале дозвола да останат отворени како „основни“ продавници во време кога биле воведени мерки за ограничено движење во земјата поради коронавирусот.

Игнас ван Дурселаер, извршен директор на „Нојхаус“, еден од најстарите произведувачи на чоколадо во земјата, објаснува дека чоколадото има посебно место во белгиската култура.


Фото: Pixabay

- Чоколадото е дел од културата на оваа земја, па е есенцијално бидејќи е дел од секојдневниот живот, како што е пивото или како што би било виното во Франција - изјавил Дурселаер, додавајќи дека чоколадото симболизира среќа и затоа речиси секој го сака.

Освен за продавниците за чоколадо, истите правила во Белгија важат и за продавниците за пиво, кои останале отворени кога речиси сите бизниси биле принудени да затворат.


Фото: Pixabay

Сепак, пандемијата влијаела врз продажбата на пивото. Основачот на продавницата за пиво „Бир манија“, Мајкл Ефтекари, открива дека најголем дел од продажбата на пиво сега се прави онлајн, а тоа го спасило неговиот бизнис.

Автор: Мишел Клифорд
Извор: news.sky.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот