Аида Хаѓиалиќ, шведска министерка за образование, со босанско потекло, поднесе оставка откако полицијата ја застанала и пронашла 0.2 промили алкохол во нејзината крв.
Аида е дел од шведската Социјалдемократска партија и адвокатка по струка - таа се преселила во Шведска заедно со семејството на 5 годишна возраст, за време на војната во Босна и Херцеговина.
„Знам дека многу луѓе се разочарани од мене и јас сум лута на самата себеси, но пред се' јас доста се каам“, изјави Аида на конференцијата за новинарите.
Како што наведуваат шведските медиуми, министерката била застаната минатата недела, а таа објаснува дека испила само две чаши вино. Хаѓиалиќ предизвикала големо внимание во јавноста во Шведска кога во 2014 година станала најмладата министерка во нивната влада во министерството за образование.