Доколку учите и работите во сопствениот дом или планирате да го правите тоа наскоро, потребна ви е соодветна околина за ефикасно да работите или учите. „The self employed“ состави краток водич за дизајнирање на сопствениот дом за поголема продуктивност во него.
Осветлување
Соодветното осветлување се наведува како основен елемент на секоја канцеларија, а истото се поврзува со продуктивноста. Експертите советуваат повеќе природна светлина во просторијата бидејќи дневната светлина е најбалансиран извор на бела светлина и е најдобра за очите и сетилата. Доколку немате пристап до дневна светлина, користете бели ЛЕД-сијалици.
Бидете организирани
Еден од најбитните аспекти во дизајнирањето на сопствената канцеларија е организацијата. Не може да се ослободите од хаосот во умот без да се ослободите од хаосот околу вас. Луѓето работат подобро и се подобро фокусирани во уредни простории.
Нека биде тивко и мирно
Секако, може да слушате музика додека работите, но работното место треба да биде прилично тивко и мирно. Тоа треба да биде соба во домот кадешто најчесто сакате да се затворите за да завршите сè навреме.
Не го заборавајте мебелот
Покрај добрата работна маса, не заборавајте дека ви е потребно и правилно ергономско столче кое ќе биде удобно. Ова е предуслов за да го задржите фокусот подолго време.