X
 05.06.2019 Образование

90 земји ветија дека училиштата ќе бидат безбедни за децата

Правото на учење без чувство на страв, насилство и воена окупација беше во фокусот на третата меѓународна конференција за безбедни училишта во Шпанија.

Сè поголем број земји преземаат мерки за заштита на децата и наставниците од напади во училиштата. 90 држави потпишаа Декларација за безбедност на училиштата - обврска да го заштитат образованието од насилство.

Но, во текот на изминатите 5 години имаше повеќе од 14.000 вооружени напади врз училиштата низ целиот свет, а тековниот конфликт во Авганистан доведе до затворање на повеќе од 1.000 училишта до крајот на 2018 година.

Што значи безбедно училиште?


Секое дете во светот треба да има пристап до безбедно, квалитетно и инклузивно образование. Но, над 500 милиони деца на училишна возраст и адолесценти живеат во земји каде што училиштата се соочуваат со закани. Организацијата „Нивниот свет“ предвидува дека без итна акција бројката ќе се зголеми на над 620 милиони млади луѓе до 2030 година.

uciliste
Фото: UNICEF/Abdulaziz


Со какви закани се соочуваат учениците?


Заканите од животната средина вклучуваат природни катастрофи, како земјотреси и поплави, но и закани за јавното здравје, како епидемии на болести.

Внатрешни закани што се случуваат во училиштата вклучуваат насилни или екстремистички групи, активности на банди и родово насилство.

Надворешни закани надвор од училиштето што сè уште влијаат врз образованието на децата се напади на пат кон училиште или дома, напади врз училишта и окупирање на училиштата од вооружени групи.

Што претставува декларацијата?


Декларацијата е државна посветеност на земјите за заштита на образованието од напад и за прекин на окупација на училиштата за воени цели. Беше лансирана пред четири години со поддршка од 37 земји. Сега, има поддршка од 90 нации.

Што претставува конференцијата за меѓународни безбедносни училишта?


Првата конференција беше одржана во Осло во 2015 година и вклучуваше потпишување на декларација. Аргентина беше домаќин на втората конференција, а третата се одржа на 28 и 29 мај во шпанскиот град Палма. На конференцијата присуствуваа околу 300 претставници на влади, агенции на Обединетите нации и меѓународни организации. Тие разговараа за начините за подобрување на она што е направено за заштита на учениците, наставниците и образовниот персонал кој се соочува со опасности во вооружен конфликт.

Што се случува во Авганистан и во Јемен?


УНИЦЕФ откри дека нападите врз училиштата во Авганистан тројно се зголемиле помеѓу 2017 и 2018 година - од 68 на 192. Тоа било првпат во три години нападите врз училиштата да се зголемат и да доведат до затворање на повеќе од 1.000 училишта до крајот на 2018, а 500.000 деца да не го реализираат правото на образование.

- Образованието во Авганистан е под оган. Бесмислените напади врз училиштата, убивањето и киднапирањето на наставниците и заканите против образованието ги уништуваат надежите и соништата за цела генерација деца - изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

На конференцијата Авганистан откри дека 300 училишта повторно се отворени, а се залага да се отвори секое училиште во најкус можен рок.

Во Јемен, петгодишниот конфликт затвори повеќе од 2.000 училишта, кои не се користат поради оштетување или окупација од вооружени групи и повеќе од два милиона деца се надвор од училиштата. Новиот извештај на „Дете на војната“ покажува дека некои деца толку не можат да се справат со стресот од војната, што развиле зависност од супстанции, вклучувајќи тутун и дрога. Освен тоа, се соочуваат и со нарушување на менталното здравје.

- На децата им се краде нивната иднина со тоа што им е одбиен пристапот до образование - изјави директорот на „Дете на војната“, Мона Салех.

„Хјуман рајтс воч“ објави извештај од 137 страници наречен „Заштита на училиштата од воена употреба: правна, политичка и воена доктрина“.

- Кога избувнува војна, училиштата често завршуваат на бојното поле, училниците се претворени во воени бази или бункери и се користат за складирање оружје. Но, сè повеќе и повеќе војници велат дека со правилни политики и планирање можат да најдат алтернативни начини за распоредување на нивните сили без употреба на училишните згради - вели Бид Шепард, заменик-директор за детски права од „Хјуман рајтс воч“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование