X
 26.11.2015 Наука

Ќе се исполни ли 100-годишното предвидување на Ајнштајн?

Во северниот дел од Италија наскоро би можел да започне голем експеримент кој, доколку биде успешен, би бил едно од најголемите предвидувања на Алберт Ајнштајн. Предвидувањето кажано пред сто години може да биде докажано, но во случај на неуспех, експериментот можеби ќе биде причина за преиспитување на некои закони во физиката.


Експериментот наречен „Унапреден Вирго“ ќе се одвива во Европската гравитациска обзерваторија. Пред точно сто години, Ајнштајн ја претставил конечната верзија од своето едначење на половите кои стојат во основата на неговата теорија на релативност, што претставува столб на модерната физика.

Врз основа на оваа теорија денес ги разбираме појавите како ширењето на вселената, движењето на планетите и постоењето на црните дупки. Меѓутоа, Ајнштајн претпоставил и постоење на гравитациски бранови кои го деформираат време-просторот.


Ајнштајн претпоставил дека секој предмет со маса во движење може да создава гравитациски бранови и дека вселената е преполна со нив. Астрономите досега пронашле индиректен доказ за постоење на овие бранови, но сè уште не било директно докажано дека тие постојат.

Франко Фраскони од Универзитетeт во Пиза изјави дека „имаме можност првпат да ги откриеме гравитациските бранови на Земјата и дека со успехот на експериментот би се покажало дека она што го кажал Ајнштајн пред 100 години е апсолутно точно“.

Технологијата која е потребна за откривање на брановите денес е достапна. Експериментот би требало да започне до крајот на годината.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука