Франц Вилчек е нобеловец кој ја поседувал и живеел во домот на Ајнштајн во „Принстон“ со години. На одреден начин, тој бил негов наследник на Институтот за напредни студии при универзитетот. Тој се смета и за еден од многубројните фанови на Ајнштајн.
За научникот потврдува дека го зголемил нашето разбирање кога станува збор за природата. Меѓутоа, тој смета и дека Ајнштајн го променил начинот на кој гледаме кон светот преку симетријата. Во теоријата за релативност, Ајнштајн покажал дека физичките закони важат и во принцип на симетрично гледање.
Идејата дека физичките закони се ограничени била доминантна тема за физичарите од 20-от век. Ајнштајн претставил нов вид симетрија наречена локална симетрија која е поширока и дава повеќе можни објаснувања за светот отколку претходните, кои биле ограничени.
Овој вид симетрија ни покажала дека ни се потребни уште експерименти и теории за да утврдиме некои факти за нашето постоење. Сето ова и повеќе за овој вид симетрија и работата на Алберт Ајнштајн го говори Вилчек во видеото.