X
 31.05.2017 Образование

Навики за учење кои го направиле Ајнштан најпаметниот човек во светот

Спротивно на верувањата, Ајнштајн бил одличен ученик исибено по природните науки. Тој сепак морал сам да пронајде кој начин на учење најмногу му одговара.

Еве кои навики ги имал за да постане она по што се прославил – гениј:

Постојано прашување за сѐ – кога учите нешто не треба да го прифаќате како факт и како такво да го запамтите, туку да се сомневате и да поставувате прашања.

Дозволете им на мислите да шетаат – најдоброто од себе Ајнштајн го извлекол кога „сонувал со отворени очи“. Дозволете си себе си да изгубите фокус и да му дозволите на умот да отиде на друго место.

Имајте добро дефинирани интереси – Ајнштајн свирел виолина, имал добар социјален живот и учел постојано. Потребна е разноврсност во интересите, затоа што само така може многу да научите.

Откријте како учите најдобро – Ајнштајн позајмувал белешки од соучениците, затоа што за време на часовите учел надвор од нив и тоа физика и математика. Ова можеби не е најдобрата метода, но потребно е да откриете што одговара за Вас.

Опкружете се со обрзовани луѓе – не бадијала се рекло дека си онаков какви што се луѓето со кои се дружиш. Опкружете се со ментори, учители и луѓе кои Ве инспирираат или читајте книги од такви луѓе.

Размислувајте за себе
– во време во кое постојано сте опкружени со информации од сите страни е многу тешко да се формира сопствено мислење. Но ако доволно се внесете во она што е предмет на Ваш интерес, ќе дојдете до степен да размислувате и да имате став за истиот.

Не драматизирајте
– Ајнштајн никогаш не го интересирало она што се случувало околу него. Ова не треба да го сфатите буквално, но избегнувајте да бидете дел од драмите што се случуваат околу Вас.

Не се сомневајте во Вашата интуиција
– интуицијата е често потценета, но следењето на Вашите инстинкти треба да биде дел од Вашиот живот.

Бидете отворени за порази и преземајте иницијатива
– кога станува збор за учење треба да очекувате и пораз. Тоа е нормален дел од животот и треба да го прифатите како таков, а и не треба да Ве држи подалеку од преземање иницијатива и донесување одлуки.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование