На Европа и` се заканува опасност да пропадне како Римското Царство поради последиците од мигрантската криза, вели холандскиот премиер Марк Руте, чијашто земја во јануари го презема претседавањето со ЕУ.
Во рамките на самите институции постојат бројни несогласувања околу прашањето за прифаќањето на стотици илјади Сиријци, Ирачани и Еритрејци кои поради конфликтите во нивните земји се преселуваат во потрага по подобар живот и бараат засолниште во Европа.
„Во првата фаза треба да се загарантира контролата на границите. Римската империја е пример кој ни покажува на кој начин можат да пропаднат големи кралства ако границите не се добро заштитени“, вели тој.
Холандската влада мигрантската криза ја смета за една од приоритетите откако земјата го презеде претседавањето со ЕУ. „Мораме да го запреме приливот на бегалци кои доаѓаат во Европа, не смееме да дозволиме оваа состојба да продолжи“, изјави тој.